Супер модерната пречистителна станица за вода за пиење во општина Штип со најсовремена технологија - ултрафилтрација работи со капацитет од 300 l/s, со што општина Штип има најголемата станица од ваков тип во државата и соседните земји.
Клиент: Општина Штип
Локација: Штип
Датум на завршување: 11.2021 година
Конечна договорна вредност: 5.100.000 евра
Ревитализација и автоматизација на постојните објекти за снабдување со вода за пиење во општина Пробиштип. Со надградбата и зголемувањето на вкупниот капацитет на произведена вода за пиење на 100 l/s, на постојната пречистителна станица за вода за пиење во Пробиштип соултрафилтрација, и ревитализацијата и автоматизацијата на постоечките пумпни станици, се задоволуваат денешните, но и идни побарувања на општината и градот Пробиштип.
Клиент: Општина Пробиштип
Локација: Пробиштип
Датум на завршување: 07.2019 година
Конечна договорна вредност: 1.200.000 евра
Проектирање, испорака, инсталирање и пуштање во работа на SCADA и Телекомуникациски систем за ХС „Злетовица“. Со проектот се инсталирани два командни центри, главен во Пробиштип и секундарен при браната Кнежево. Главниот команден центар е поставен во командно – административната зграда во Пробиштип, која беше изградена наменски како дел од истиот пакет. Системот во главниот команден центар се состои од два редундантни SCADA сервери, Back up сервер, Storage сервер, две работни станици со по 4 монитора и видео ѕид составен од 8 монитори. Преку командните центри далечински се управуваат 13 подсистеми (Брана Кнежево – темелна затварачница, зафати, Пречистителни станици – крајни корисници, лимниграфи) каде се инсталирани командни ормари со ПЛУ (Програмабилни Логички Управувачи). Комуникацијата е овозможена со редундантен Гигабитен Етернет преку оптичка прстенеста мрежа и GPRS сервер како Back up. Апликативниот софтвер е специјално развиен за хидросистемот Злетовица.На сите локации се поставени CCTV и AC системи. При Главниот команден центар е поставен и соодветен систем за гасење на пожар со Гас ФМ 200.
Клиент: Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство / ХС „Злетовица“
Датум на завршување: 10.2010
Конечна договорна вредност: 2.387.000,00 €
Проектирање, испорака, инсталирање и пуштање во работа на Пречистителна станица за вода за пиење со капацитет од 75 л/сек. на принцип „клуч на рака“. Пречистителната станица е со state of the art технологија, со Ултрафилтрација, прва од ваков тип во Република Македонија. Истата е целосно автоматизирана и работи автономно.
Клиент: Општина Пробиштип / ЈКП Никола Карев - Пробиштип
Датум на завршување: 02.2012
Конечна договорна вредност: 1.439.000,00 €
Со реконструкцијата на постоечката фабрика за преработка на вода за пиење, која ја користи класичната филтрација, беа опфатени базените и коморите за прием на сирова површинска вода кои беа обновени, како и набавка, монтажа и пуштање во работа на дозирна и мерна опрема за дозирање на хемикалии потребни за преработка на сировата вода во вода за пиење. Дозирната и мерната опрема се целосно автоматизирани и можат да работат автономно.
Клиент: Општина Штип / ЈП ИСАР - Штип
Датум на завршување: 04.2014
Конечна договорна вредност: 960.000,00 €